Коронавирусот влезе и во полскиот првак Келце. По Михал Олејничак, кој беше позитивен пред неколку дена, но не тренираше со екипата и беше изолиран случај, на вчерашните тестирања има уште еден позитивен случај.
Станува збор за полскиот репрезентативец Томаш Гебала, кој веднаш го напушти репрезентативниот камп во Плоцк и се врати во Келце.
Селекцијата на Полска веќе побара одложување на средбата со Словенија поради шест позитивни случаи во националниот тим.
Според правилата, сите ракометари што имале контакт со Гебала мора да одат во карантин, па затоа Келце веќе ги врати или дополнително ги враќа ракометарите што заминаа на репрезентативни собири.
Меѓу нив се шпанските репрезентативци, Алекс и Даниел Душебаеви, Хрватот Игор Карачиќ, Германецот Андреас Вулф, Французинот Николас Турна…