Конференција на генералните секретари на земјите членки на ЕХФ која требаше да биде одржана од 21 до 24 април во Братислава е одложена поради прогласувањето на пандемија на Корона вирусот и останува неизвесно кога истата ќе биде одржана.
Според ова неизвесно е кога ќе биде направена и ждрепката за квалификациите за Европското првенство во машка конкуренција кое во 202 година треба да се одржи во Словачка и во Унгарија. За време на конференцијата беше предвидено да се одржи и оваа ждрепка, па затоа и таа е сега одложена.
Засега останува непознат новиот термин и дополнително ќе следува информација околу тоа кога конференцијата и ждрепката ќе бидат одржани. Инаку, има време бидејќи стартот на квалификациите треба да биде дури во октомври.