Светската ракометна федерација на официјалниот сајт објави дека селекцијата на Кина се повлекува од настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.
Иако не е обелоденета причината, се претпоставува дека тоа е поради актуелната ситуација со корона вирусот. Кина требаше да биде на турнирот во Унгарија, со домаќинот, Русија и Србија.
Сепак во таа група ќе биде репрезентацијата на Казахстан како најдобра селекција од Азија. Казахстан претходно како замена за Јужна Кореја дојде во групата со Црна Гора, Норвешка и Романија, кои сега се во исчекување на последниот ривал.
Покана ќе биде упатена најпрво до Хонг Конг, а потоа и до Тајланд. Доколку ниту една од азиските селекции не прифати, веројатно местото ќе го пополни европска репрезентација.
Квалификациските турнири за место на ОИ ќе се одржат од 20 до 22 март.