Иако унгарскиот гигант Веспрем можеби најдолго време од сите други тимови успеваше да се одбрани, сепак короната „затропа“ и на нивната врата.
Позитивен на коронавирус е само голманот Родриго Коралес, но сите ракометари и стручниот штаб, меѓу нив и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, ќе одат во карантин.
Нивниот натпревар од Лигата на шампионите против составот на Барселона, беше одложен, поради позитивните случаи во каталонскиот тим.
Веспрем побара одложување и наредниот меч во ЛШ, како и на уште три меча од унгарскиот шампионат.