На почетокот на завршниот дел од подготовките за Европското првенство во репрезентацијата на Србија е појавија првите проблеми бидејќи дури шестмина се позитивни на тестовите за Ковид 19.
Во изолација се најдоа голманот Владимир Цупара, десното крило Богдан Радивојевиќ, селекторот Тони Герона, тренерот на голманите Димитрије Пејановиќ, Петар Радуловиќ (физиотерапевт) и Милорад Кривокапиќ (шеф на делегацијата).
Според информациите тие се чувствуваат добро и со благи симптоми, но мора да бидат надвор од тренинзите што ќе биде отежнувачка задача за да може да се сработи според планираното.
Инаку, Србија треба да одигра две контролни средби против Германија на 7 и 9 јануари така што останува да се види како ќе течат работите и дали ќе може натпреварите да бидат одиграни без проблеми.