По Шпанската ракометна федерација, која ги суспендираше сите натпреварувања во нивна организација во следните две седмици и ги одложи сите натпревари, следна што го направи истото е Данската ракометна федерација.
Во оваа скандинавска држава исто така секојдневно расте бројката на заболени од коронавирусот, па челниците на федерацијата заедно со данските власти решија е дека најдобро да не се играат натпревари.
Засега нејасно е дали во тој период до 25 март, ќе бидат одиграни натпреварите на данските тимови во европските купови.
Во Франција, беше откажан завршниот турнир во Лига Купот што требаше да се одржи претстојниот викенд.