Се поверојатно е дека Олимписките игри ќе бидат одложени за следната година, иако ова не е официјално потврдено од организаторот Јапонија и од ИОК.
Актуелниот селектор на Хрватска, Лино Червар, најави дека по Олимпијада оваа година ќе замине во пензија, но се чини дека коронавирусот ја одложи неговата пензија.
„Не одам од клупата се додека не освојам олимписки злато. Значи одам по игрите во Токио, но не знам која година. Прво мораме да се квалификуваме. Ако ОИ се одржат оваа година, нема термин кога ќе одиграме квалификации. Во тој случај веројатно ќе одлучува пласманот од последното СП. Ако игрите бидат во 2021 година, тогаш СП во Египет ќе одлучува кој ќе се пласира на Олимпијадата“, вели Червар.
Хрватска требаше да игра од 17 до 19 април на квалификацискиот турнир во Франција против домаќинот, Португалија и Тунис.