Коронавирусот ги избрка Кинезите од Загреб!

Ниту една цела сезона не траеше авантурата на ракометарите на Пекинг Универзитет во Загреб, кои поради ширењето на коронавирусот се вратија порано од очекуваното во татковината.

Настапите во СЕХА ги завршија неславно, со 12 порази на 12 натпревари, а според планот најдобрите играчи од оваа екипа требаше да бидат засилувања за Загреб во финишот на сезоната во домашниот шампионат.

Во меѓувреме до стартот на хрватскиот плеј-оф, требаше да бидат активни и на пријателски натпревари.

Сепак тоа нема да се случи и кинеските ракометари ја почитуваа препораката на нивното Министерство за надворешни работи да се вратат дома.

Дали и следната сезона експерименталниот тим што го водеше Владо Шола ќе биде дел од регионалното натпреварување останува да видиме.