Корејски арбитри за мечот меѓу Македонија и Алжир

Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од првото коло во Президент Купот.

Натпреварот меѓу Македонија и Алжир ќе го судат арбитри од Јужна Кореја, а станува збор за Ко и Ли.

Делегат на овој дуел ќе биде Бразилецот Седрез, а ќе се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк од 15:30 часот.

Македонија е единствената европска селекција во Президент Купот и освен против Алжир, ќе игра против Тунис и Мароко.