После освојувањето на титулата сосема очекувано тимот на Веспрем доби најмногу номинации во најдобрата седумка на Ф4 турнирот во СЕХА.
Голманот Родриго Коралес, кој е и МВП после двете одлични партии во полуфиналето и финалето го предводи овој составо во кој се најдоа и неговите колеги од Веспрем: Маргуч, Македа и Нилсон. Другите во првата седумка се Јотиќ (Вардар), Мандиќ (ППД Загреб) и Шкурински (Мешков Брест).
Што се однесува до најдобриот дефанзивец сосема очекувано таму се најде Словенецот Блаж Благотиншек од Веспрем.
ОЛ-СТАР ТИМ НА СЕХА Ф4 ВО ЗАДАР
ГОЛМАН: Родриго Коралес (Веспрем)
ЛЕВО КРИЛО: Давид Мандиќ (ППД Загреб)
ЛЕВ БЕК: Александер Шкурински (Мешков Брест)0
СРЕДЕН БЕК: Ловро Јотиќ (Вардар)
ДЕСЕН БЕК: Хорхе Македа (Веспрем)
ДЕСНО КРИЛО: Гашпер Маргуч (Веспрем)
ПИВОТ: Андреас Нилсон (Веспрем)
ДЕФАНЗИВЕЦ: Блаж Благотиншек (Веспрем)