Контроли пред ЕП: Сениорите ќе играат на „Трофеј Карпати“ во Романија!

Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекува настап на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка на почетокот на идната година.

За таа цел, избраниците на Данило Брестовац, покрај контролите со Италија, Турција и Грузија во октомвриската ЕХФ недела, ќе играат и на силен турнир во Романија.

Нашата селекција во минатото била многу пати дел од овој турнир, а и претстојниот декември, од 26 до 30, ќе има уште три контролни натпревари со посилни ривали од октомвриските.

Претходно на 22 и 23 октомври, Македонија во Турција ќе игра против домаќинот и против Италија, а на 26 и 27 октомври во Скопје ќе се тестира против селекцијата на Грузија.

На ЕП, Македонија е во група со Австрија, Чешка и Украина, а континенталниот собир започнува на 10 јануари.