Селекцијата на Шпанија им се придружи на Црна Гора и Германија во главната рунда на Европското првенство и ќе допатува во Скопје, откако славеше над бундес тимот со 23:21.
Со триумфот од два гола, Шпанија ем обезбеди главна рунда, ем ќе пренесе два бода во групата што ќе се игра во Скопје.
За потсетување, репрезентацијата на Полска ја победи Шпанија со 22:21, додека Германија славеше над Полска со 25:23.
Во последната минута од натпреварот меѓу Германија и Шпанија, натпревар кој беше одигран во спортскиот центар ,,Морача” имаше многу возбудувања, но и контроверзи.
Ракометарката од редовите на ,,црвената фурија” Џенифер Гутиерез имаше шанса да погоди на празен гол и да зголеми на 24:20, но намерно ја фрли топката неколку метри над шпанскиот гол, а во последниот напад Германија преку Смитс реализираше за 23:21.
Откако Германија погоди за 23:21, репрезентативката на Шпанија, Паула Аркос се израдува на постигнатиот гол на германската репрезентација, што е многу контроверзно однесување. Шпанија и Германија си „одиграа“ како што им одговара и ја пратија Полска дома.
Полската ракометна јавност е бесна по вчерашниот епилог меѓу Шпанија и Германија истакнувајќи дека и двете репрезентации одиграле со калкулација. Доколку Германија загубеше со три гола разлика, тогаш селекцијата на Полска ќе патуваше во Скопје и ќе играше против Холандија, Франција и Романија.
View this post on Instagram