На денешното Собрание на Ракометната федерација на Македонија, покрај изборот за претседател, беше конституиран и новиот УО.
Во Управниот Одбор на РФМ нови членови се Билал Суџубаши од Халк Банка, потоа Мирјета Бајрамоска, Александар Стефанов од Фабрика Карпош, Драги Семенпеев од Печатаница Софија, Никола Наумов од Градба Промет…
Тука се Кочо Анѓушев, Татјана Стерјева, Павле Ламбро, Гордана Нацева, Дарко Алексов, Ѓорѓе Војновиќ, Оливер Лазаревски, Марјан Герасимов, Георги Тренкоски…
Прва задача на Управниот Одбор ќе биде решавањето дали следната сезона во Суперлигата ќе се игра според претходно утврдениот систем (да испаднат шест екипи и догодина да има 12 во елитното друштво) или да се прифати иницијатива лигата и догодина да брои 16 клубови како оваа сезона.