По паузата од три седмици поради проблемите со ваучерите, прволигашките ракометни тимови се вратија на терените.
Прилеп славеше над Риниа во циркусот од натпревар со убедливи 44-16. Гостите допатуваа само со седум ракометари и играа без замена во текот на цел меч!
Најдобри стрелци во домашниот тим беа Филип Пајкоски со девет голови, како и Карафилоски и Бикоски со по седум. Кај Риниа, Дарко Маневски постигна пет.