Конечно има добри вести за селекцијата на Србија пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Откако имаше вкупно осум позитивни случаи за време на подготовките, тие беа на кратко прекинати, но сега сите заразени добија негативни резултати и ќе можат да продолжат со тренинзите до следното тестирање на 10 јануари, пишува „Моцарт Спорт“.
Богдан Радивојевиќ, Драган Пешмалбек, Илија Абутовиќ и Стеван Сретеновиќ ќе се приклучат на тренинзите, додека селекторот Тони Херона и Владимир Цупара, добија негативни резултати на брзите тестови, но се чека и потврда со ПЦР тестови за да се приклучат на подготовките.
Дополнителен повик за одржување на тренинзите добија Вукашин Воркапиќ, Михајло Митиќ и Младен Шотиќ, а поради повреда подготовките ги напушти Јовица Николиќ.
Србија ќе игра во групата Ц во Сегедин против селекциите на Хрватска, Франција и Украина.