Конечно доби шанса: Првенец на Димитриоски во „црвено-црн“ дрес во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар загуби од Веспрем со 29-38 во 10. коло од  Лигата на шампионите, а на овој натпревар шанса за настап доби македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски.

Иако ова не беше негово деби во елитната конкуренција, сепак на досегашните девет меча имаше само епизодни улоги.

И покрај неколкуте одлични изданија во регионалната СЕХА лига, ретко добива шанса во Лигата на шампионите.

Денеска против Веспрем, го постигна првиот погодок во дресот на Вардар во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Погледнете…