Кондев и Коцев продолжуваат со Тиквеш

По решавањето на тренерското прашање, тимот на Тиквеш продолжува со формирањето на ростерот пред стартот на новата сезона.

Репрезентативецот Дарко Кондев, кој дојде лани во Кавадарци и Димитар Коцев, кој веќе две сезони игра таму, го продожуваат престојот и ќе ги бранат боите на Тиквеш. Тука е и Костадин Петров, кој исто така и лани беше дел од тимот.

Претходно кавадаречкиот тим го промовираше Ристо Магдинчев како наследник на клупата на Горан Андоновски.

Тиквеш пред стартот на новата сезона ќе одигра неколку пријателски натпревари и ќе настапи на турнирите во Струга и во Прилеп. Кавадарчани ќе ги стартуваат подготовките на 29 јули.