Селекцијата на Конго пропушти голема шанса да обезбеди пласман на Мундијалот во Полска и Шведска, откако по продолженија загуби од Тунис со 40-34.
Конгоанците имаа предност од гол разлика, 31-30 и напад, но не го реализираа, а беа казнети си гол на Тунис и мечот отиде во продолженија.
Таму браќата Њокаси и нивните соиграчи немаа сили да се борат со поискусниот ривал и на крајот загубија со шест гола разлика. Овој меч го судеше македонската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Сега ќе имаат шанса по потешкиот пат и ќе мора да слават две победи во разигрувањето од 5 до 8 место за да обезбедат место на СП.
Покрај Тунис втор сигурен учесник од Африка на Мундијалот во Полска и Шведска е селекцијата на Мароко, која славеше против Гвинеја со 28-24.