Борбата за место во Суперлигата ќе започне претстојниот викенд со натпреварите од првото коло во прволигашкиот плеј-оф.
Прво и второпласираната екипа ќе обезбедат билет за елитата, а најблиску до тоа остварување е лидерот Мулти Есенс, кој има 24 бода.
На табелата следуваат Драчево, Аеродром, Младост Богданци…а во првото коло дербито ќе се игра во Кисела Вода меѓу Драчево и Македонија Ѓорче Петров.
Мулти Есенс би требало да има лесна задача кај Астраион, а Младост Богданци го очекува незгодно гостување кај Голден Арт 2. Градски двобој ќе одиграат Металург РА и Шампион.
Последното коло од плеј-офот ќе се одигра на 20/21 мај, по што ќе бидат познати патниците за Суперлига, а ќе биде формирана и бараж двојката меѓу шестиот од суперлигашкиот плеј-аут и третиот од прволигашкиот плеј-оф.
Овој натпревар ќе се одигра на 3/4 јуни.