Во одличен натпревар од Групата Б во Лигата на шампионите тимот на Мотор стигна до победата на домашен терен против Фленсбург, со убедливи 31:22.
Во првото полувреме се играше со чести менувања на водството, но двете екипи имаа еден или најмногу два гола предност. Голманите на двете страни, Комок и Буриќ беа одлични и имаа извонредни интервенции. После 30 минути игра резултатот беше 15:14.
Второ полувреме домаќините го почнаа добро и веќе после десетина минути имаа убава предност од три гола. Јакобсен и Сван постигнаа два брзи гола за враќање на Фленсбург во игра. Следуваше период од шест минути без погодок после кој Мотор го реши победникот.
Мотор Запорожје во последните десет минути само го зголемуваше водството и беше сè поблиску до победата. До крај на дуелот ракометарите на домашниот тим одиграа рутински за нови два бода со кои го прескокнаа денешниот ривал на табелата и се доближија до нокаут фазата.
Најефикасен во победничкиот тим на Мотор беше Ајденас Маласинскас со девет гола, а Денисов и Пуховски постигнаа по четири гола. Генадиј Комок беше можеби и најзаслужен за триумфот со 15 интервенции. Емил Јакобсен беше најефикасен во тимот на Фленсбург, додека стандардно на високо ниво беше Бенјамин Буриќ со 14 одбрани.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА