Ако некој реално им недостасува на вардаровите ракометари сезонава тоа се фановите. Љубовта е взаемна, клубот е тесно поврзан со навивачите, па од таму и на првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, му е добро јасно колку е присутно нивното отсуство на трибините.
„Нема да погрешам ако кажам дека навивачите на Вардар се едни од најквалитетните, најлојалните и најдобрите во Европа и дека таа помош од нив е благо кажано осми играч на секој натпревар. Свесен сум за тоа дека многу различни резултати би постигнале со или без нив. По моето враќање во клубот сезонава поради короната се случува одвреме – навреме да ме побараат. Јас имам навика да соработувам Комити на тој начин што тие ќе ми дадат тројца нивни претставници со кои јас ќе комуницирам и со кои ќе се договарам. Сакаат да патуваат, да направат кореографија… Сум имал добра соработка и, морам да ги пофалам, дека не сум имал проблеми со нив. Тие се делеа на овие-оние, но јас изнаоѓав начини како да се избалансира сето тоа и тие да бидат осми играч на секој меч и мислам дека така ќе продолжиме и понатаму. Се надевам дека од септември ќе се дозволи да има публика во салите и ќе се видиме одново со нив, ќе се договориме за правила на игра и ќе соработуваме како што сме соработувале претходно.“
Подолу погледнете го викенд-интервјуто со сопственикот на РК Вардар…