Спонзорот на некогашниот европски првак Кометал Ѓорче Петров, Трифун Костовски, и претседателот Иван Бојков, денеска на годишнината од европската титула, му ги предадоа сите титули на Ѓорче Петров.
Актуелното раководство на Ѓорче Петров доби голема обврска да ја продолжи традицијата што започна многу одамна.
Ѓорче Петров, сега бев додавката Кометал, предводен од Симе Симовски е во игра за шампионската титула во Женската лига и ќе се бори за Куманово за првото место.
В недела во Куманово, ќе се игра натпреварот што ќе го одлучи шампионот на Македонија.
Ѓорче Петров зад своето име сега има запишано 17 титули во лигата, 16 во Купот на Македонија, како и оној највредниот – трофеј во Лигата на шампионите.