Проблемите во норвешкиот првак Колстад се уште се актуелни низ Европа, иако клубот информираше дека ракометарите и стручниот штаб го прифатија намалувањето на платите.
Директорот на Бундес лигата, Франк Боман, во интервју за „Килер Нахрихтен“, потенцираше дека Колстад треба да биде исфрлен од Лигата на шампионите.
„Ако клубот не е способен да ги исполни своите обврски од договорите, тогаш мора да биде исклучен од Лигата на шампионите“, изјави Боман.
Генералниот менаџер на Колстад, Јостеин Сивертсен, веднаш му одговори на Боман.
„Ние го почитуваме мислењето на луѓето од ракометниот свет. Но не гледам причина зошто Колстад би требало да биде исклучен од Лигата на шампионите. Ние не направивме ништо нелегално, само бевме искрени“, изјави Сивертсен.
Колстад е првиот гостин во Битола во новата сезона од Лигата на шампионите и ќе се соочи со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.