Колстад се огласи: Намалуваме плати поради високата инфлација, каматните стапки, енергетската криза…

Норвешкиот Колстад, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, се наоѓа во големи финансиски проблеми.

Дрим-тимот во обид се огласи и најави дека високите плати на ракометарите ќе мора да бидат намалени во следните две сезони, но нејасно е како тоа ќе се одрази на игрите и на амбициите.

„Имплементиравме план за намалување на трошоците во следната сезона, кој треба да ни овозможи да имаме добар баланс на сметките. Намалуваме трошоци на сите полиња, а најмногу на платниот список. Сепак намалувањата нема да бидат големи за да не се загрози инвестицијата и проектот“, се вели во соопштението на Колстад, каде не се потенцира за колкав процент ќе бидат намалени платите на вработени.

Од норвешкиот првак потенцираат дека високата стапка на инфлација, слабата домашна валута (норвешка круна), високите каматни стапки, енергетската криза и воената операција на Русија се потенцирани како причини за ваквата ситуација.

Колстад преку вајлд-карта обезбеди место во ЛШ, а ова лето во клубот дојдоа Сандер Сагосен, Магнус Род и Горан Јоханесен, а од ланската сезона таму се Торнборн Бергеруд, Магнус Гулеруд, Дади Смарасон, Сигвалди Гудјонсон…

Норвешкиот тим ќе биде прв гостин во Битола во новата сезона од елитното натпреварување на 13/14 септември.