Ракометарите на Колстад денес пристигнаа во Битола и го одработија официјалниот тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Норвешкиот шампион е прв ривал на Еурофарм Пелистер во европската елита и во утрешниот дуел е фаворит против македонскиот претставник.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Колстад ќе започне со почеток од 18:45 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидат Германците Шулце и Тониес, додека делегат ќе биде Павичевиќ од Црна Гора.