Амбициозниот тим на Колстад успеа да дојде до зацртаната цел и по првпат стана шампион на Норвешка, откако ја доби финалната серија против Елверум со 3-1.
Елверум од сезона 2010/11 секогаш ги добиваше дуелите во разигрувањето за титулата, но во оваа сезона имаше сериозен ривал за првото место.
Норвешкиот вицепрвак со освоеното второ место ќе игра во второто по ранг европско натпреварување – Лига на Европа.
Тимот на Колстад, кој следната сезона ќе биде посилен со ѕвездата Сандер Сагосен, во оваа сезона го освои и Купот на Норвешка.
Новиот шампион на Норвешка за следната натпреварувачка сезона ќе аплицира за вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите и најверојатно ќе ја добие.