Пред десетина дена порталот „Тотал Спорт“ ја објави најновата листа на најскапоплатените ракометари во светот.
На првото место е данската супер ѕвезда од ПСЖ, Микел Хансен, кој има годишен договор од 1,5 милион евра.
Второто место е за уште еден член на францускиот дрим тим, Никола Карабатиќ, кој заработува 1 милион евра.
Во ТОП 10 најплатени ракометари во светот се наоѓа и поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, кој во Барса има годишен договор од 700.000 евра.
Сепак треба да се знае дека ова се само гарантираните суми што ги заработуваат од своите клубови, а не се вклучени бонусите и парите што ги заработуваат од спонзорските договори или премиите од националните тимови.