На сите им е јасно дека ракометарите не можат да се „мерат“ со фудбалерите и кошаркарите по парите што ги заработуваат, но дел од најпознатите ракометни играчи по сезона заработуваат солидни суми.
Хрватскиот порал “Данас” ја објави листата на најплатените ракометари на светот. По сезона најмногу заработуваат браќата Никола и Лука Карабатиќ, Сандер Сагосен, Микел Хансен и Феран Соле.
Според објавените податоци од споменатиот медиум, на првото место на листата е членот на ПСЖ, Никола Карабатиќ. Искусниот француски репрезентативец по сезона заработува скоро 2.000.000 евра.
На второто место на листата е неговиот брат, Лука Карабатиќ, кој по сезона заработува околу 1.500.000 евра, односно на месечно ниво кружниот напаѓач има плата од 125.000 евра, како и лидерот на репрезентацијата на Норвешка, Сандер Сагосен, кој има исти примања како Лука Карабатиќ.
На моменталната 3. позиција на најплатени ракометари се наоѓаат Микел Хансен од Алборг и Феран Соле од ПСЖ. Двајцата ракометари по сезона заработуваат 1.200.000 евра.
Меѓу најплатени ракометари се наоѓаат и Мелвин Ричардсон, Дика Мем, Никлас Екберг, Каулди Одриозола, Јанис Лене, Блаж Јанц, Миха Зарабец, Ханиел Лангаро, Кристијан Бјорнсен, Јонатан Карлсбогард, Лук Стеинс, Џим Готфридсон, Педро Портела, Лука Циндриќ, Жилберто Дуарте, Омар Магнусон, Мијајло Марсениќ, Руне Дамке, Ханс Линдберг, Магнус Ландин, Харалд Рајнкинд и Домагој Дувњак.
Список на моментално најплатени ракометари:
Никола Карабатиќ (ПСЖ) – 1.800.000 евра
Лука Карабатиќ (ПСЖ) – 1.500.000 евра
Сандер Сагосен (Кил) – 1.500.000 евра
Микел Хансен (Алборг) – 1.200.000 евра
Феран Соле (ПСЖ) – 1.200.000 евра
Мелвин Ричардсон (Барселона) – 1.000.000 евра
Дика Мем (Барселона) – 1.000.000 евра
Никлас Екберг (Кил) – 1.000.000 евра
Каулди Одриозола (Нант) – 1.000.000 евра
Јанис Лене (Монпелје) – 1.000.000 евра
Блаж Јанц (Барселна) – 850.000 евра
Миха Зарабец (Кил) – 850.000 евра
Ханиел Лангаро (Барселона) – 800.000 евра
Кристијан Бјорнсен (Алборг) – 800.000 евра
Јонатан Карлсбогард (Барселона) – 750.000 евра
Лук Стеинс (ПСЖ) – 750.000 евра
Џим Готфридсон (Фленсбург) – 700.000 евра
Педро Портела (Нант) – 650.000 евра
Лука Циндриќ (Барселона) – 650.000 евра
Жилберто Дуарте (Монпелје) – 650.000 евра
Омар Магнусон (Магдебург) – 600.000 евра
Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин) – 500.000 евра
Руне Дамке (Кил) – 500.000 евра
Ханс Линдберг (Фуксе Берлин) – 500.000 евра
Магнус Ландин (Кил) – 500.000 евра
Кристијан Бјорнсен (Алборг) – 500.000 евра
Харалд Рајнкинд (Кил) – 500.000 евра
Домагој Дувњак (Кил) – 500.000 евра