Колку е цената на популарноста: За две недели го запали Инстаграм (ФОТО)

Младиот ракометар на репрезентацијата на Данска, Матијас Гидсел блесна на Светското првенство, а оваа игра му овозможи да се вброи меѓу елитата. Покрај тоа доживеа вистинска експлозија и на социјалните мрежи.

Пред почетокот на шампионатот тој имаше само 2.000 следбеници на Инстаграм, како одминуваше првенството така стануваше сè попопуларен. Сега бројката е над 50.000 следбеници.

„Не навлегувам многу во ова, а веројатно можеда се види тоа и на мојот профил. Сега ќе треба профилот да биде повозбудлив бидејќи не сакам над 40.000 лица да се досадуваат. Сепак, мило ми е бидејќи добив големо внимание. Беше навистина кул што вниманието беше позитивно“, вели Матијас Гидсел.

Младиот ракометар доби одлична шанса на првенството и ја искористи на најдобар можен начин. Оттаму не изненадува што веќе има 52.500 следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mathias Gidsel (@gidsel)