Колку голови, толку и асистенции – Лазаров во Топ 5 кај додавачите

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров се наоѓа меѓу најдобрите пет асистенти на Светското првенство во Египет.

Тој досега има еднаков број на асистенции и на голови, успеа да постигне 16 гола и да подели 16 асистенции што е одлична бројка ако се знае дека Македонија има 71 погодок во досегашниот дел од првенството.

Тоа е уште подобро ако се знае дека успеа да го направи за 100 минути минати на терен од можните 180.

На големо изненадување лидер на асистентите е репрезентативецот на Конго, Аурелиен Читомби, кој има 21, пред Готфридсон и Сагосен.

НАЈДОБРИ АСИСТЕНТИ ПОСЛЕ ПРВИОТ КРУГ

ТОП 5

21 – Аурелиен Читомби (Конго)

19 – Јим Готфридсон (Шведска)

19 – Сандер Сагосен (Норвешка)

17 – Франкис Марцо (Катар)

16 – Кирил Лазаров (Македонија)