Тимот на Ница, предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција.
Ница славеше кај составот на Дижон со 24-27 и ќе биде само на чекор од една победа до завршниот турнир.
Покрај Ница, досега уште тимовите на Мерињак и Шамбре обезбедија пласман во следната фаза.
Покрај успехот во Купот, Ница и Колев четврта сезона ќе бидат учесници и во разигрувањето за титулата во францускиот шампионат.