Ретки се македонските тренери што работат во странство, а двајца од нив работат одлично во една од најуспешните нации кога ракометот е во прашање – Франција.
Марјан Колев долго време работеше во женскиот клуб Ница, а овој септември го презема кормилото на третолигашот Курнон Доверњ.
Кавадарчанецот дојде на клупата на овој тим кога имаше три порази – а сега на крајот на есенскиот дел од сезоната, Курнон има шест победи, едно реми и шест порази што е доволно за шестото место на табелата во групата 1 со 26 бода.
Томче Петрески од летово е на клупата на составот на Ла Кро, кој исто така се натпреварува во Третата лига на Франција.
Прилепчанецот и Ла Кро на 13 натпревари имаат осум победи, едно реми и четири порази на крајот на есенскиот дел од сезоната. На последните три средби, Ла Кро оствари три победи. Ла Кро се наоѓа на третото место на табелата во групата 4 со 30 бодови.
За победа се добиваат по три бода, за реми два, додека за поразите по еден бод.
И двете екипи предводени од македонските стратези имаат шанса во пролетниот дел од сезоната имаат шанси да се изборат за плеј-оф за влез во Втората лига на Франција.