Селекторот на Русија и досегашен тренер на Вардар, Едуард Кокшаров, го скрати списокот и ќе патува во Шведска со 18 ракометари.
На поширокиот список тој имаше шестмина членови на европскиот шампион, но петмина од нив го минаа последниот филтер.
Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Павел Атман, Данил Шишкарев и Глеб Калараш ќе патуваат во шведскиот Малме, додека отпадна пивотменот Сергеј Горпишин.
Исто така на списокот го нема ниту десниот бек Дмитри Кисељов поради повреда, па Кокшаров се реши само со еден леворак играч да оди на континенталниот собир.