Покрај натпреварот в недела од Лигата на шампионите, Вардар ќе одигра уште еден натпревар и тоа во нешто повеќе од 24 часа. Средбата против Војводина од СЕХА-лигата се игра в понеделник, па ова ќе бидат два напорни дена за „црвено-црните“.
„Знаеме дека Војводина е една од најдобрите екипи во Србија и дека формата им оди во нагорна линија. Очекуваме добра игра в понеделник. СЕХА-лигата ни е како подготовка за натпреварите од Лигата на пампионите. Секоја екипа има свои планови на овие средби, но и ние имаме свои. Така што одиме на три бода“, рече тренерот Кокшаров на пресот по повод овој дуел.
Средбата против Војводина се игра в понеделник од 20:15 часот, а ова е натпревар од 5. коло.