Екипата на Вардар уште еднаш дојде до победа, но повторно не можеше да смена на најсилниот состав. Тренерот Кокшаров мораше да импровизира, а такво нешто се најавува и за дуелот против Келце в сабота во Полска.
„Неизвесно е што и како ќе се случува и за реваншот. Може да биде подготвен Кристопанс, но неизвесно е и како ќе биде со Дисингер. Сепак, ние нема да запреме без разлика на составот. Ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме“, изјави Кокшаров.
Во однос на денешната средба против тимот на Мотор Запорожје тој кажа дека работат според плановите кои ги имаат и досега се задоволни како се остваруваат.
„И пред натреварот кажав дека имаме планови и сакавме денеска малку да одмориме некои од играчите. Мотор покажа добра игра и 40 минути моравме да ги држиме главните играчи на терен. Се виде дека од бековската линија ни остана само Сташ Скубе. Повторно моравме со крилни играчи да играме на бековска позиција. Сепак, ситуацијата е таква и сега мораме да се насочиме кон дуелот против Келце“, рече Кокшаров.
Следниот меч во СЕХА-лигата екипата на Вардар ќе го има на 3 декември во Нови Сад против Војводина, но затоа има дуел во Лигата на шампионите веќе в сабота против Келце и тоа на гостување.