Кои се седумтемина Македонски величенствени во клубот 50+

Од вкупно 65 ракометари кои го облекле дресот на Македонија на досегашните 12 големи натпреварувања, само седуммина успеале да го поминат бројот од 50 настапи на Европските и на светските првенства.

Без изненадување на врвот на листата се наоѓа капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров кој има и убедливо најмногу шампионати досега. Со 11 првенства зад себе тој има и 64 натпревари, а зад него е Велко Маркоски, кој доколку не се повредеше пред настапот на Европското првенство во јануари ќе беше вториот со над 60 настапи.

Досега меѓу ракометарите кои настапиле на големите натпреварувања има само петмина кои успеале да постигнат троцифрен број на голови.

Воедно интересно е да се направи и потсетување на тоа кои се ракометарите кои со најчесто име кои играле на СП и на ЕП во дресот на Македонија.

А кои се седумтемина величенствени што имаат над 50 настапи во дресот на Македонија на досегашните 12 првенства на кои играла нашата машка сениорска репрезентација можете да видите од листата во продолжение.

ВЕЧНА ЛИСТА

КЛУБ 50+ НАСТАПИ

64 – Кирил Лазаров
57 – Велко Маркоски
55 – Стојанче Стоилов
55 – Борко Ристовски
52 – Филип Миркуловски
52 – Дејан Манасков
51 – Филип Лазаров