Кои се омилените селекции на Кире Лазаров на Европските и светските првенства?

Од вкупно 12 големи натпреварувања, Кирил Лазаров е единствениот македонски ракометар кој има учествувано на дури 11 од нив. Ги држи сите можни рекорди во репрезентацијата на Македонија така што сигурно долго ќе биде неприкосновен на врвот во повеќето од категориите.

Кога се работи само за натпреварите на Европските и на Светските првенства тој зад себе има пет Европски шампионите и шест Мундијали. Дебитираше во 1999 година против Саудиска Арабија кога постигна еден гол.

На големите натпреварувања играше против 32 различни селекции и против сите успеа да се запише барем еднаш меѓу стрелците.

Кога ќе се пресметаат головите се доаѓа до една интересна листа од седум селекции против кои има постигнато повеќе од 25 погодоци. Против Данска постигна 33, против Русија и Чешка по 32 гола. Кои се седумте омилени селекции на Кире од Европските и светските првенства можете да видите во продолжение.

СЕЛЕКЦИИ НА КОИ ЛАЗАРОВ ИМ ДАДЕ НАЈМНОГУ ГОЛОВИ НА ЕП И СП:

ТОП 7

33 – Данска

32 – Русија

32 – Чешка

31 – Тунис

31 – Словенија

30 – Полска

29 – Германија