Домаќинот на Светското првенство за младинци, Германија, го освои трофејот по триумфот над Унгарија со 30-23. По финалниот натпревар беа прогласени најдобрите поединци и беше избран идеалниот тим, а за овие ракометари сигурно во иднина ќе се слуша и пишува.
МВП на СП е Нилс Лихтлајн од Германија, а местото на најдобри стрелци го делат Елиас Елефсен а Скипатогу од Исланд и Наоки Фујисака од Јапонија со по 55 погодоци.
Во идеалниот тим имаше место за уште двајца златни ракометари – голманот Давид Шпат и пикер Јустус Фишер.
Најдобро лево крило е Португалецот Педро Оливеира, додека најдоброто десно крило доаѓа од Исланд – Кристофер Јонасон.
Бековската линија во идеалниот тим ја сочинуваат Милош Кос (лев бек – Србија), Елиас Елефсен а Скипаготу (среден бек – Фарски Острови) и Зоран Илиќ (десен бек – Унгарија).