На последното задолжително тестирање според правилата на Европската ракометна федерација беа откриени пет позитивни случаи во редовите на македонската репрезентацијата.
РФМ не ги потврди имињата на заразените членови на националниот тим, иако тие се познати во ракометните кругови. Сепак селекторот Лазаров мора(ше) за кратко време да најде замени за дел од играчите, а има доволно на поширокиот список објавен претходно.
Од оние што не ги минаа подготовките и не се најдоа на скратениот список се десетмина, иако дел од немаат долго време немаат тренирано со своите клубови и нејасно е во каква форма ќе бидат.
Тука се голманите Градимир Чаневски и Благојче Трајкоски, левото крило Дарко Кондев, десните крила Мартин Поповски и Александар Петковски, пикерите Стефан Атанасовски и Михаил Аларов, како и бековите Тоше Ончев, Дарко Димитриевски и Томислав Јагуриновски.
Дали некој од овие ќе добие повик останува да видиме дополнително. Ракометарите денеска во 14:10 летаат за Дебрецин, а претходно ќе биде познат конечниот список на патници.
Македонија е во група А со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска.