Во новата сезона од натпреварувањето на домашна сцена ќе има и нови пет екипи, а меѓу нив дел се и повратници бидејќи претходно веќе имаат играно. Меѓу пријавените состави за Првата лига се најдоа составите на Кичево 2020, Делчево и три тима од Скопје. Се работи за Драчево, Скопје и Шампион.
Ова е добро за ракометот бидејќи се појавуваат нови клубови, а со тоа се зголемува и можноста за зголемување на бројот на ракометари кои се активни. Со ова секако и ракометот како спорт добива на популаризација.
Наскоро ќе биде познато и кога ќе биде ждрепката за Првата машка лига, ќе биде официјално познат бројот на екипите и распоредот за играње.
Најверојатно овие 16 екипи ќе бидат поделени во две групи по осум екипи, а по регуларниот дел ќе следува плеј-оф и плеј-аут, но за системот на натпреварување ќе почекаме официјален став на РФМ.
Прва лига, сезона 2020/2021
Драчево
Кичево
Делчево
Скопје
Шампион
Аеродром
Вардар Неготино
Куманово
Македонија ЃП
Металург 2
Риниа
Текстилец
Јехона
Преспа
Борец
Партизан