Вчерашното објавување на висината на ваучерите кои спортските клубови и федерации го добиваат од државата, предизвика бројни полемики и реакции.
Најгласни во реакциите беа прволигашките клубови Младост Богданци и Јуниор Кисела Вода, кои добија помал ваучер во споредба со лани.
Богданчани велат дека имаат дупло повеќе бодови од лани, но добија помал ваучер. Нивната реакција ја пренесуваме во целост.
„РК Младост 1977 АД Богданци со денешното доделување на ваучерите е најголем губитник имајки ги во предвид постигнатите резултати. Минатата година ги имаше најголемите успеси во последните 13 години, влез во супер лига, вице шампиони во кадетска категорија, учество со сите младински категории, оваа година исто така учество во сите категории, младинска второ место, кадетска прво место, учество на пионери, сениорите со само еден пораз второ место и главни претенденти за влез повторно во супер лига. Па господо од AМС 2.000 000 денари се доделува на преку 100 бодови и вакви резултати? Кого правите будали вие од АМС? Вака ли не охрабрувате да вложуваме и да работиме со младите категории? Минатата сезона со 45 бодови ни беа доделени 2.100 000 денари, ако мислите дека на ова ќе премолчиме не, правдата за овој невиден преседан и криминал ќе ја бараме правнички оваа срам за спортот ова е срам за АМС објавете бодување, објавете критериум како ги делевте ваучерите, по пријатели, по комшии или по тоа кој колку ќе ви вети за возврат, и сигурни сме дека после нас незадоволни ќе се јават уште многу други клубови!“, се вели во соопштението.
Покрај од Богданци, реакција на социјалните мрежи имаше и од претседателот на Јуниор Кисела Вода, Ристо Чокрев.
„Дефинитивно, кој и да одлучувал за прераспределбата на ваучерите ја промашил терапијата. Премногу мириса на политика, а на спорт малку што значи дека спортскиот ваучер како помош за спортот под итно во корпа за ѓубре“, напиша Чокрев.
Најголем ваучер очекувано имаше за Вардар и Еурофарм Пелистер, а во петорката се уште Металург, Бутел Скопје и Пролет.
АМС додели ваучери: Повеќето клубови и РФМ добија помалку од лани (ФОТО)