Рускиот тим ЦСКА Москва направи интересна фотосесија пред стартот на новата сезона во домашниот шампионат и Лигата на шампионите.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзините колешки позираа на руски тенкови, и ги покажаа нивните способности со пушки и пиштоли.
ЦСКА Москва ја почнува сезоната со завршницата на Купот на Русија, кој се игра в среда и четврток, а следната седмица ќе започне и шампионатот.
Ристовска по една година пауза се враќа во Лигата на шампионите, каде што играше со Крим и Вардар.