Повеќе од 6.000 гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ беа сведоци на ракометно-музички спектакл, кој би било убаво да прерасне во традиција.
Поранешните репрезентативци официјално се простија од националниот тим и добија врамени дресови, а по натпреварот сите уживаа во хитовите на легендарната Меморија и Некст Тајм.
Ракометарите беа на бина заедно со музичарите и ги пееја безвременските хитови меѓу кои „Дирлада“, „Оган под ѕвездите“…
Бранко Ангеловски покажа дека умее со гитарата, Мартин Томовски ги покажа вокалните способности…
Македонците уште еднаш покажаа колку го сакаат ракометот, се забавуваше и старо и младо и сите поминаа убава вечер во СЦ „Борис Трајковски“.
Ракометарите пејат
Се фатија за микрофонот – како звучи „Оган под ѕвездите“ испеана од ракометарите (ВИДЕО)