Кога Оливие Њокас ќе „распали“ – голманот нема шанси (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар дојде до важни бодови на гостувањето во Франција кај Монпелје откако обезбеди победа од три гола разлика, 28:25, во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите.

Ракометарот од редовите на Вардар, Оливие Њокас, имаше добра партија против Монпелје и со пет постигнати погодоци беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“.

Еден од погодоците на Оливие Њокас, кој беше постигнат во второто полувреме, а беше забележан од ЕХФ, сигурно ќе влезе во изборот за најубав гол на 11. коло во најквалитетното натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)