Иако натпревар меѓу рускиот Виктор Ставропол и романскиот ЧСМ Букурешт од четвртфиналето на Челинџ Купот, требаше да се одигра вчера, поради коронавирусот таа беше одложена од страна на ЕХФ.
Сепак овој дуел се играше, но во виртуелен формат во играта „Handball 17“, а преносот одеше на You Tube каналот на рускиот тим.
Поради тоа што изборот на екипите во оваа игра е ограничен и ги нема оние од послабите европски конкуренции, тимот на ЧСМ Букурешт го одбра францускиот ПСЖ, додека домаќинот играше како германскиот Фленсбург.
На крајот победата ја однесоа гостинските ракометари со убедливи 11 погодоци разлика, 18-29.