После напорниот подготвителен период во пресрет на новата сезона, ракометарите на Нексе имаа можност да се приклучат на традиционалната берба на лозјата „Феравина“.
Ракометарите имаа невообичаен начин за дружење и секако добередојден ден за опуштање пред предизвиците во сезоната кои им следат, а заедно со нив беше и нивниот тренер.
Бербата на лозјата е во полн ек, а ракометарите на Нексе можат да се пофалат со работата која ја завршија што може да се види на фотографиите.
Денот беше исполнет со забава и дружење…