Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим, последната сезона во Ѓер и во кариерата ќе ја игра со презимето Талеска на дресот.
Бразилската репрезентативка е македонска снаа најави дека со овој потег сака да му оддаде почит на својот сопруг Дејан, за поддршката во текот на кариерата.
Левиот бек веќе позираше во „новиот“ дрес.
„Имам борбен дух, но сите во животот имаме некој кој ни помага во текот на кариерата. Мајка ми е едниот столб, мојот сопруг е вториот, тие се тука за мене во тешките моменти. Затоа во последната сезона ќе играм со презимето Талеска на дресот, за да му одадам признание на мојот сопруг“, рече Едуарда во интервју за „МНЕ Рукомет“.
Аморим Талеска е ракометарка на Ѓер од 2009 година, досега освои многу трофеи со клубот меѓу кои пет пати беше победник во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Бразил беше светска шампоионка во 2013 година.