Кога е ранет Вардар е најсилен – во Битола го покажа шампионското лице (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Вардар

Иако освои само бод во Битола, ракометарите на Вардар ќе ја освоија пол-позицијата во домашното првенство, и ќе пренесе бод повеќе во разигрувањерто за титулата бидејќи има ист број бодови, ама подобар меѓусебен биланс со Еурофарм Пелистер. Седумте порази на Вардар по ред во Лигата на шампионите ги „олабавија“ битолчани, а смената на Вујовиќ ги „раздрма“ вардарци. Македонското ракометно класико донесе драма до последната секунда, и најава дека до последно коло ќе се води битка. Недановски имаше „огнено крштевање“ кое го положи со преодна оценка „стасан е за прв тренер“...