Владо Недановски доби шанса да го предводи македонскиот првак Вардар по заминувањето на Веселин Вујовиќ од клупата. Асистетот ја превзема улогата на прв тренер на последните три суперлигашки дуели во полусезоната, меѓу кои и големото дерби со Еурофарм Пелистер.
Тој не крие дека бил и под голем притисок, а истовремено и пријатно изненаден од начинот на кој играчите го прифатиле неговото именување за тренер.
„Искрено бев пријатно изненаден како ја прифатија одлуката буквално сите играчи, но тие се професионалци и ќе имаат почит кон секој. Имавме состанок на кој им кажав дека јас сум преодно решение за овие три натпревари, да се концентрираме, да одработиме до крај како што треба. Ако можеме да извлечеме поволен резултат во Битола и така и се случи. На секој тренинг се консултирав и со Столе како капитен и со Тимур како лидер на екипата. Сакав да слушнам и нивно мислење, бевме во комуникација и заеднички се подготвувавме и за Пелистер, но и за Охрид и за Бутел. Нормално дека имав притисок, сепак Вардар е Вардар, со калибар на играчи кои се квалитет и го познаваат ракометот. Откако ме назначи Михајло (Михајловски) за тренер и кога стана јасно дека ќе го водам тимот во Битола, три дена воопшто не спиев. Гледав видеа, анализирав, размислував, со играчите се договаравме како ќе играме, тактика, акции, бевме многу фокусирани и затоа и резултатот беше таков. Ќе повторам голема е честа да се биде тренер на Вардар.“
Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Недановски…