Ракометарите на Нант во натпревар од 3. коло од францускиот шампионат немаа големи проблеми против Иври и стигнаа до лесна победа триумфирајќи со 33:28 (19:14).
Нант во победата беше предводен од хрватскиот голман Иван Пешиќ, кој имаше 19 интервенции и освен одличната партија меѓу стативите успеа да се запише во листата на стрелци.
Пешиќ освен што имаше најмногу одбранети удари во дуелот со Иври, заврши и како втор стрелец во својата екипа.
Хрватот во мрежата на гостите постигнаа четири погодоци, додека неговиот колега Каулди Одриозола беше најефикасен со шест гола.